Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Повторно земјотрес во Еквадор, се сумираат жртвите од претходниот

ФОТО:Повторно земјотрес во Еквадор, се сумираат жртвите од претходниот

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Еквадор.

Епицентарот на денешниот земјотрес е на 70 километри западно од градот Есмералда, во близина на епицентарот на претходниот потрес, кој беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Локалните жители изјавиле за агенцијата Ројтерс дека биле почувствувани два силни земјотреси со времетраење од околу 30 секунди. Потресите ги  разбудиле луѓето и ги натерале да излезат исплашени по улиците. Земјотресот не е почувствуван во главниот град Кито. Овој земјотрес е дел од серија помали потреси. Нема предупредување за опасност од цунами.

Повеќе од 500 луѓе загинаа во најсилниот земјотрес во Еквадор во последните неколку децении, изјавија властите доцна синоќа. Најдени 525 тела, од кои 518 се идентификувани, а меѓу загинатите има најмалку 11 странци и тоа тројца државјани на Колумвбија, тројца на Куба, двајца од Канада и по една жртва од Доминиканска Република, Британија и Ирска.

Над 4.500 луѓе се повредени, а повеќе од 100 сѐ уште се водат како исчезнати.

CgdF3wkXEAA5Aqh

CgewZsxWIAAd0dl

Слично

Поврзани вести