Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: ПОЧНАА ДА ПРИСТИГНУВААТ - Европските лидери влегуваат во Белата куќа

ФОТО: ПОЧНАА ДА ПРИСТИГНУВААТ - Европските лидери влегуваат во Белата куќа

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, британскиот премиер Кир Стамер и италијанската прмиерка Џорџа Мелони се меѓу првите кои пристигнаа во Белата куќа, на самитот на Европските лидери со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Пристигнаа и финскиот претседател Александер Стуб, германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Лидерите се уште пристигнуваат, а последен се очекува да дојде претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Самитот доаѓа по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, на која иако не беше договорен мир, сепак беа догворени неколку „крупни работи“, за кои американскиот претседател рече дека ќе му ги пренесе на Зеленски и на европските лидери.

Слично

Поврзани вести