Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Почна Октоберфест-зголемени мерки во Минхен

ФОТО: Почна Октоберфест-зголемени мерки во Минхен

Во Минхен денеска, со строги мерки на безбедност, точно на пладне е отворен Октоберфест.

Најпознатата пивска манифестација на светот ја отворил градоначалникот на Минхен Дитер Рајтер, со забивање на чашата во големо дрвено пивско буре, додека првата кригла ја испил баварскиот премиер Хорст Захофер.


Поради терористичките напади оваа година во Германија, овогодишниот 183 по ред Октоберфест е обележан со силни мерки на безбедност. 


Претресувањата се детални, забрането е внесување на големи торби а целиот простор на кој се одржува Октоберфест е покриен со безбедносни камери.

Организаторите очекуваат оваа година Октоберфест кој трае до 3 октомври да го посетат околу шест милиони луѓе.


Слично

Поврзани вести