Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: По потресот во Аматриче, идентификувани 4 од жртвите

ФОТО: По потресот во Аматриче, идентификувани 4 од жртвите

Идентификувани се 4 од жртвите и се работи за родители и две деца.

555 444

Има затрупани луѓе под урнатините на градот Акумоли кој настрада најсилно во земјотресот во Италија оваа ноќ. При потресот со интензитет од 6,2 степени по Рихтер загинаа најмалку 21 човек. Сите патишта до Акумоли се прекинати.

„Половина од градот веќе не постои"- изјави Серџо Пироци, градоначалник на Аматриче, цитиран од весникот „Дејли мејл".

Постои опасност да се сруши и мост. Првите кадри од уништувањата во градот покажаа целосно разурнати згради и патишта.

Урнати се и историски градби, и споменици на културата.

Земјотресот беше регистриран околу 3.30 часот по локално време на 100 км североисточно од Рим.

Жителите на Рим, на околу 170 километри од епицентарот, исто така беа разбудени од земјотресот.

Портпаролот на премиерот Матео Рензо напиша на Тwitter дека Владата ја следи ситуацијата внимателно и одржува постојан контакт со цивилната заштита, која праќа тешка опрема за помош на локалните власти.

777

Слично

Поврзани вести