Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) По посетата на папата, пламна местото на раѓањето на Исус

(ФОТО) По посетата на папата, пламна местото на раѓањето на  Исус

Витлеемската црква на Христовото раѓање ја зафтил пожар и тоа неколку часа после посетата на папата Франсиско. Изгорела ткаенината на подот а поголема штета нема.

-Причина за пожарот е ламба, која паднала на подот и ја запалила ткаенината. Огнот се изгаснал сам, но имало многу чад.

Во несреќата се оштетени и две икони на Дева Марија која го држи Исус. И нив ги зафатил чадот па ќе мораат на раставрација. Гувернерот Абдел- Фатах Хамајел признал дека вакви несреќи се случуваат поради невниманието на работниците.

Ова е втор пожар во светилиштето откако папата Франсиско дошол во посета на Ерусалим. Првиот пат избил во неделата. После посетата на папата на планината Синај и црквата Света Марија, некој запалил книга и голем број дрвени бројаници. Во исто време се организирале и протести против папата.

Имено, демонстрантите бараа да му се забрани на папата Франсиско да оди на местото на кое е закопан Давид. Полицијата вели дека овие два настани не се поврзани.

Слично

Поврзани вести