Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) По ерупција на вулканот на Камчатка, цело село е покриено со пепел

(ФОТО) По ерупција на вулканот на Камчатка, цело село е покриено со пепел

На Камчатка вчера имаше ерупција на вулканот Шивелуч. Тој исфрлаше пепел на висина до 20 километри, поради што жителите во регионот добија насоки да не ги напуштаат своите домови без потреба. Ерупцијата се случи ноќе и траеше со часови. Облак од пепел ја прекрил земјата, паркираните автомобили и куќите, а тековите на лавата го топеле снегот, пренесуваат агенциите. Имало толку многу пепел што поединци правеле фигури налик на Снешко.

Облакот од пепел се проширил на површина од 500 километри, соопштило Министерството за вонредни ситуации. Слојот пепел во селото Клиучи (кое се наоѓа на 50 километри од вулканот) е највисок за последните 60 години.

По ерупцијата, вчера земјотрес од 4.8 степени го погоди подрачјето. 


Слично

Поврзани вести