(ФОТО) Пеколен план: Вака Украина ќе го поврати Крим!
На интернет кружи мапа која го прикажува планот на украинската одмзда на Русија. Судејќи според мапата, ако Украинците го освојат Крим, Русија е следна.
Ширум Украина актуелнa е пропагандата на оваа мапа на која е прикажан план за напад на Крим, а кој го планираат заеднички сили на Украинците и НАТО флотата.
Операцијата ќе се вика “Oksamiti sezona 2014″ и се однесува на повторно освојување на Крим. После враќањето на оваа територија, идејата е да се спроведе вториот дел на операцијата а тоа е напад на Русија.
Како што прикажува мапата, се планира напад на руската територија со освоениот Крим, во 2015 година, како и од Доњецк, Луганск и преостанатите делови на украинската територија кои се наоѓаат на границата со Русија.

