(ФOTO) ПАРИЗ: Операцијата завршена во Сен Дени, на местото настапија детективи и криминолози
Полициската антитерористичка операција во париското предградиe заврши соопштил портпаролот на француското павителство Стефан Лиу Фол, пренесе „Le Monde“.
Според информациите на француските медиуми силите за безбедност го отстапиле место на детективи и криминолози, кои ќе почнат да ги идентификуваат и анализираат доказите.
Се уште нема информации за последниот осомничен, за кој се тврдеше дека уште е во еден од становите.
Осомничените во Сен Дени биле на прагот на "некаква операција", изјави извор од полицијата пред CNN. Според него спецакцијатата била "токму на време".
Тибо Шафот, еден од оние кои живеат во близина на местото каде што се одржуваше операцијата, раскажа за тоа што се случило пред француското издание „Le Parisien“:
"Слушнав врева во 4,15 часот. Тоа беа луѓе кои зборуваа многу гласно. Потоа слушнав истрели. Слушнав дека полицајците разговараат со една жена со долга руса коса. Мислам дека беше камикази. Тие нејзе и рекоа да не ги симнува рацете и да ги крене во воздух. Потоа се слушна силна експлозија. Мислам дека таа активираше бомба. Експлозијата беше навистина многу силна. Многу од стаклата на зградите на улицата беа скршени. Тогаш започна престрелката, пукаа цело време. Потоа застанаа околу минута и повторно почнаа. Тоа траеше од 4,30 до 5,30 часот. Изгледа терористите беа многу добро вооружени. Последната експлозија се слушна кон 9,25. Потоа - ништо. Чекам сето тоа да заврши, за да можам да излезм надвор. "
Двајца осомничени за терористичките напади во Париз од петок, 13 ноември, се мртви по антитерористичката полициска акција во француската престолнина, информира CNN, повикувајќи се на полициски извор. RTL исто соопшти за двајца убиени осомничени терористи, од кои едниот е жена.
Мажот бил застрелан од снајперист на силите на редот, а жената се разнела со помош на појас со експлозивна направа, соопштува CNN.
Полициската акција која започна во 4:20 наутро е извршена во северното предградие Сен Дени (Saint-Denis), соопштија од француското обвинителство.
Седум лица се уапсени, пренесе РИА Новости. Меѓу уапсените се тројца мажи кои биле внатре во еден од становите. Нивниот идентитет не е утврдена. Жена и маж, кој се наоѓале во близина, исто така, се уапсени, пренесоа CNN и Guardian.
Разнесената жена била застрелана од полицијата пред да се разнесе, објавија Wall Street Journal. Обвинителството ја потврди смртта на жената во текот на спецакцијатата, информира РИА Новости. Полициската операција е со цел апсењето на шестмина осомничени.
Петмина полицајци се полесно повредени, соопшти француската полиција преку сметката на Twitter.


