Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ПАНИКА ВО ШВЕДСКА: Поради дојава за бомба евакуиран аеродромот кај Гетеборг

(ФОТО) ПАНИКА ВО ШВЕДСКА: Поради дојава за бомба евакуиран аеродромот кај Гетеборг

Аеродромот во Ландветер во близина на шведскиот град Гетеборг е евакуиран откако се пронајдени два сомнителни предмети.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/airlivenet/status/715507889050370048?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Поедини медиуми тврдат дека полицијата извршила контролирана експлозија.

Наводно управата на аеродромот претходно денес примила и дојава за поставена бомба, пренсоа бритнаксите медиуми.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/715506544188768256?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

На аеродромот набрзо пристигнале припадници на шведската полиција, кои го пребарале аеродромот и тогаш пронашле два сомнителни пакети.

Една радио станица наведува дека се работело за пластични кеси.

Некои шведски медуми известија дека некои делови од аеродромот втор по големина во Шведска се блокирани од страна на полицијата.

Авионите моментално не слетуваат во тоа воздушно пристаниште, но летовите кои заминуваат и понатаму се реализираат. Управата на аеродромот ги предупредила патниците на можни доцнења.

Слично

Поврзани вести