(ФОТО) ПАНИКА ВО ХАНОВЕР: Амбулантно возило полно со експлозив, евакуиран стадионот!
Пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентацијата на Германија и Холандија, кој вечерва требаше да се одигра во Хановер е откажан, а полицијата наредила итна евакуација на стадионот на ХДИ Арената.
Гардијан јавува дека внатре во стадионот наводно е најдена сомнителна торба, а агенцијата АФП цитира извори во полицијата кои тврдат дека постоела закана за експлозија. Холандска јавна телевизија извесува дека имало „конкретна закан“, а постои можност и дека се е поврзано со минатоеделните напади во Париз.
Агенцијата Ројтерс цитира неименувни германски претставници кои тврдат дека е планиран бомбашки напад на стадионот.
Соочени со прашањата зошто воопшто дошло до евакуација, Мезиер и соработниците не сакале да навлегуваат во детали како „не би го вознемириле населението“.
Посетителите преку разглас час и половина пред почетокот на натпреварот можеле да слушнат известување да ја напуштат арената „брзо, но без паника“. „Ве молиме, одете си дома во мали групи“, им е речено.
На натпреварот требало да биде и германската канцеларка Ангела Меркел. Агенцијата АФП пишува дека во моментот кога стигнала наредба за евакуација канцеларката веќе била на стадионот и со голема брзина е извадена од таму. Дел од германските медиуми пак тврдат дека таа не ни била на стадионот.


















