Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Овие девојки убиваат и по 10 џихадисти на ден

(ФОТО) Овие девојки убиваат и по 10 џихадисти на ден

Откако пред нивните очи џихадистите извршиле масакр во Турција, трите девојки решиле дека е време за одмазда.

Тие формирале женска борбена единица и сега војуваат против исламските милитанти.

02-ce_for_good_The_women_who_belong_to_the_PKK_the_Kurdistan_Wor-a-21_1442928767706

„Кога слушнавме дека исламистите пристигнуваат во Синџар, древниот дом на језидите, и убиваат жени – немаше место за размислување“, вели Роза (22) најмладата во единицата.

Тие велат дека убиваат и по 10 џихадисти на ден, а нив тоа особено ги плаши затоа што веруваат дека ако загинат од женска рака нема да заминат во рајот после смртта.

Командирка на оваа женска герила е Деиџи (29) која вели дека никогаш нема да се откаже од одмаздата против Исламската држава.

04-0-Unshakeable_Tapping_the_butt_of_her_rifle_Raparin_pictured_left_-a-26_1442928822054

Девојките раскажуваат за милитантите кои ги заробувале мажите, жените и децата и ги присилувале да преминат во ислам. Ако тие одбијат, ги носеле во камиони и ги воделе на полето на смртта и ги присилувале да ги копаат своите гробови. Потоа им пукале во тилот. Жените и девојките ги носеле во град и ги претворале во сексуални робинки.

03-0-Fears_The_female_fighters_told_MailOnline_that_ISIS_soldiers_are-m-23_1442928784478

Tокму поради ова, девојките велат дека нема да се откажат од нивната борба против џихадистите. Трите убавици не веруваат дека може да ги фатат, но ако тоа се случи велат дека ќе си пресудат сами пред да бидат заробени од непријателот.

Слично

Поврзани вести