Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Оваа луксузна продавница во Њујорк крие застрашувачка тајна во својот подрум

(ФОТО) Оваа луксузна продавница во Њујорк крие застрашувачка тајна во својот подрум
Во последните неколку години стапката на криминал во Њујорк бележи значителен пад, но не било од секогаш така. Историјата на злосторствата во оваа земја датира уште од 1700 те, кога се случило едно од најпознатите убиства во овој град, случајот Џулиелм Елмор Сандс. Џулиелм Елмор Сандс ја напуштила својата соба во пансионот на „Гринич стрит“ на 22 декември во 1799 година со цел да се сретне со својот љубовник Леви Викс. Таа ноќ планирале да побегнат. За жал Сандс не се појавила, а единаесет дена подоцна нејзиното тело било пронајдено со траги од давење во бунар во регионот „Лиспенардс Медоу“, денешен „Спринг стрит“. На местото каде некогаш бил бунарот во кој било пронајдено телото на девојката денес се наоѓа луксузна продавница за облека, „COS“. Во подрумот на продавницата и денес, меѓутоа, може да се видат остатоците од бунарот во кој пред многу години било пронајдено телото на Џулиелм Елмор Сандс. Тој се наоѓа на последното ниво, во одделот за мажи. По смртта на Џулиелм, осомничен за убиството бил нејзиниот сакан Леви Викс. Се зборувало дека Џулиелм била бремена и дека токму поради тоа тој ја убил. Викс бил уапсен, но по судењето бил ослободен од вината. Наспроти ваквата одлука, медиумите и понатаму шпекулирале дека тој е виновен, па веднаш откако бил ослободен, стравувајќи за својот живот, го напуштил градот. Семејството на Џулиелм, кое исто така се сомневало во Викс, отишло толку далеку што го изложило телото на мртвата девојка пред пансионот во кој некогаш престојувала со цел да разбудат сомнеж во јавноста. Злосторството никогаш не било решено. Остатоците од бунарот биле потполно заборавени се до 1980 година, кога тогашниот сопственик на зградата за време на реновирање случајно го открил. Пред да се всели во зградата модната куќа „COS“, во неа се наоѓал ресторан, чии гости постојано зборувале за необични искуства во близина на остатокот на бунарот. bunar6 bunar5 bunar4 bunar3 bunar2 bunar1      
Слично

Поврзани вести