ФОТО: Ова се златниците на Исламска Држава
Екстремистите од терористичката група "Исламска држава" почнаа да издава сопствени златни монети.
Според Daily Telegraph новата валута, која ќе биде пуштена во оптек од "Исламска држава", ќе презеде контрола врз голем дел од Ирак и Сирија, и ќе се нарекува исламски динар. Тоа е и името на златните монети кои се користеле во VII век за време на калифот Усман кои исламистите го презеле за примерок.
Весникот објавува на својот сајт слики на новите златни монети од социјалните мрежи. На нив може да се видат натписи со пароли на "Исламска држава", а исто така и карта на светот.
Весникот цитира пораки објавени на социјалните мрежи, распространети и од противниците на терористичката организација која си поставила за цел да создаде калифат во Блискиот Исток, и од нејзини приврзаници.
Вредноста на еден исламски динар, кој се очекува наскоро да биде пуштен во промет, е 139 американски долари.
Според ОН "Исламска држава" учествува во извршувањето на злосторства против човештвото и прави чистки во верски и етнички средини. За плановите на екстремистите да воведат сопствена валута беше соопштено за прв пат уште во ноември минатата година. Според медиумите овие намери се базираат на приходот на "Исламска држава" од продажба на нафта од окупираните наоѓалишта, а исто така од приходите од рекетирање, банкарски грабежи и киднапирања на луѓе.
Обработка: К.К.
Извор: Daily Telegraph

Слично