(ФОТО) Ова е ново моќно оружје на Америка: Авиони не фрлаат бомби туку убиваат со ласери!
Наскоро на небото ќе полета првиот борбен авион кој нема да користи ракети и бомби. Како Хана Солоа во „Војната на ѕвездите“, во небото ќе се вивне леталото кое метите ќе ги уништува со ласер.
Американската воена развојна агенција ДАРПА во соработка со компанијата „Генерал Атомик“ пред неколку години го покренала проектот „HELLADS“, чија крајна цел е изработка на
ласерско оружје за потребите на воените морнарици и воздухопловства.
После неколку тестови на воените бродови во текот на 2012 година, од ДАРПА пред неколку дена откриле дека се завршени првите тестирања на авионите и дека оружјето е како она од научно-фантастичните филмови и покажало невидена сила. Американската влада го прифатила новото оружје.
-Силата на ласерите е застрашувачка. Многу сме задоволни што го произведовме ласерот кој дава толку сила и квалитет на снопот со оглед на својата величина рекол Рич Багнел, водачот на проектот.
Откако почнала идејата за ласерски зраци кои имаат брзина на светлината, невозможно е воздушните мети да избегнат таков вид на оружје. Но целење на метата на ласерот на земајата е покомплицирано бидејќи линијата на преглед го спречува, додека ДАРПА ласерот со јачина од 150 киловати со тековното ладење без проблем уништува такви мети.
Предност на ваквото оружје првенствено е силата на самиот ласер, но и неговата преносливот бидејќи може да се смести во носечкиот простор на мал камион.
Од ДАРП најавиле уште тестирања на подвижни мети, но посакуваат составот да биде вграден во сите нови ловци и бомбардери на американското воено воздухопловство.
Издржлив и силен
„Big Dog“ со големината е сличен на мало магаре и може да носи до 150 кг терет на оддалеченост од 20 км. Роботот го дизајнирале од ДАРПА да ги следи војниците и да ја носи нивната опрема
Домет 400 километри
Американската морнарица планира да воведе во употреба електромагнетен топ кој исфрла проектили со брзина 7,5 замав. Метата оддалечена 400 км може да биде погодена за 6 минути, а ја уништува голема кинетичка сила.


