(ФОТО) Ова е бомбашот-самоубиец од Истанбул
Бомбашот-самоубиец кој се разнесе во центарот на Истанбул и усмрти 10 лица, а најмалку 15 повреди, е идентификуван како 28-годишен сириец Набил Фадли роден во Саудиска Арабија.
Како што пренесуваат турските медиуми, се работи за припадник на Исламската држава кој неодамна преку мигрантскиот бран се „инфилтрирал” во Турција.
Наводно, тој во земјата влегол како бегалец од Сирија.
Турската миграциска служба тогаш му зела отисоци, поради што им било лесно да го идентификуваат напаѓачот.
Инаку, ширум Турција вчера и денес беа уапсени 68 лица осомничени дека се припадници на ИСИС, но не е сигурно дали сите се поврзани со вчерашните истанбулски напади.
Слично

