Фото: Отворена најдолгата и брза железничка линија во светот
Во Народна Република Кина денеска беше пуштена во употреба најдолгата железничка пруга за супер- брзи возови во светот, меѓу Пекинг и главниот административен центар на јужната провинција Гуандонг, градот Гуангжу,пренесува Асошиејтед прес.
Линијата е долга 2.298 километри, а делови од неа и претходно биле во функција, а патот од Пекинг до економскиот центар на југот на земјата ќе биде преполовен и, со возот кој оди 300 километри на час, ќе трае околу осум часа.
Проектирана за максимална брзина од 350 км/ч, пругата ќе има 35 станици во поголемите градови. Според податоците на кинеското министерство за железнички сообраќај, брзата пруга ќе го зголеми и товарниот сообраќај меѓу Пекинг и Вухан за 20 милиони тони.
-Развивме цел систем на ефективни сигурносни мерки“, изјавил претседателот на одделот за наука и технологија во министерството Џоу Ли.
Во Кина планираат до 2015 година да има околу 120.000 километри пруга, вклучувајќи и 40.000 километри супербрза пруга. Во Кина супербрзи се нарекуваат сите пруги што дозволуваат брзини поголеми од 200 км/ч.
Првите брзи линии на кинеската железница биле воведени во 2007 година, на средината на таканаречената „златна деценија“ на брз стопански раст и социјална стабилност во рамки на социјалистичкиот пат со кинески карактеристики.
Во тој период и покрај глобалната финансиска криза од 2008 година, Кина стана втора по големина национална економија во светот со вкупен бруто домашен производ од 11.300 милијарди долари.

Слично