Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ОСЛОБОДЕНИ ГРАДОВИ И СЕЛА: Зеленски објави фотографии и вели дека патот е тежок, но реален

(ФОТО) ОСЛОБОДЕНИ ГРАДОВИ И СЕЛА: Зеленски објави фотографии и вели дека патот е тежок, но реален

Во контраофанзивата украинските сили ослободија градови и села кои беа под руска окупација. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографии на социјалните мрежи од селата и градовите ослободени деновиве во Харковската област. Тој признава дека ќе биде тешко, но дека е реално да се ослободат од руските сили. 

„Патот до враќањето на целата наша територија станува сè појасен. Ги гледаме контурите на повторното воспоставување на територијалниот интегритет на нашата држава. Знаеме дека патот е тежок, но знаеме и дека е реален и токму тоа го правиме“, напиша Зеленски.

Инаку, Зеленски синоќа доживеал сообраќајка во која не е повреден. 

Русија пак реагира затоа што САД испорачува модерно оружје за Украина, и велат тоа била нивна црвена линија. 

Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. 

фото Твитер


Слично

Поврзани вести