(ФОТО) ОРУЖЈЕТО НА ИСИС: Еве со што се борат џихадистите
Терористичката организација Исламската држава има голема колекција од најсовремено оружје. Покрај старите советски калашникови, џихадистите користат и американски пушки.
Еве кои се најкористените оружја од страна на ИСИС
Калашников
АК-47 е една од најкористените пушки во светот, па овој тип оружје доминира и Блискиот исток. Со напредокот на Исламската држава во Сирија. џихадистите го освојуваа оружјето на Асад кое беше од руско или советско потекло. М-16
Американското оружје е често во арсеналот на џихадистите. Со победа над ирачката полиција и сириските бунтовници, џихадистите лесно стигнаа до ова оружје. Освен тоа некои од сириските бунтовници кои беа тренирани и наоружани од американската војска им се придружија на терористите.
РПК пушкомитралез
Советскиот лесен митралез го дизајнираше самиот Калашников во доцните 50-ти години на минатиот век. Ова оружје е многу користено на Блискиот исток.
“Драгунов“ снајпер
Полуавтоматската снајперска пушка е уште едно од советските оружје кое е популарно меѓу терористите. Официјално се користи во 30 земји меѓу кои и Ирак и Иран.
Хеклер и Кох МП5
Често оружје што го користат џихадистите е и деветмилитерската автоматска пушка од германско производство. Преку илегални канали овие пушки завршија и во Сирија и Ирак каде што станаа популарни меѓу терористите.
Слично

