Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ОД СТУДЕНТИ ДО ПЕНЗИОНЕРИ: Ова се жртвите во терористичките напади во Брисел

(ФОТО) ОД СТУДЕНТИ ДО ПЕНЗИОНЕРИ: Ова се жртвите во терористичките напади во Брисел

Терористичките напади кои минатиот вторник го потресоа Брисел однесоа 31 живот, додека повеќе од 300 луѓе се повредени.

Од ден на ден се откриваат идентитетите на жртвите кои настрадаа во бомбашките напади на аеродромот во Брисел  „Завентем“ и метро станицата „Малбек“.

Ова се дел од идентификуваните жртви:

Лубна Лафкири, Белгија

zrtva1

Наставничка по гимнастика во исламска школа во Шарбек која имала три деца. Настрада во нападот на метро станицата.

Лоријен Висар, Белгија

zrtva2

Правна советничка од Брисел која е убиена во метрото. Имала 27 години.

Сабрина Фазал, Белгија

zrtva3

Студентка по медицина Сабрина Фазал (24) тргнала на предавање со кобниот воз од станицата Малбек.

Џастин и Стефани Шулц, САД

ZRTVA4

Џастин Шулц (30) и неговата сопруга Стефани (29) живееле во Брисел две години. Загинале на аеродромот кога ја испраќале мајката на Стефани која им била во посета, на летот за САД.

Андре Адам, Франција

zrtva 0

Пензионираниот дипломат Андре Адам (79) требало да се качи на авионот за САД на аеродромот кога експлодирала бомбата.

Оливие Делеспес, Белгија

zrtva5

Државниот службеник Оливие Делеспес (45) кој работел во Федерацијата Валонија-Брисел настрадал во метрото кога одел на работа. Колегите го опишале како најдуховитиот во канцеларијата, и исклучително расположен добро чуден човек.

Дејвид Диксон, Велика Британија

zrtva6

Компјутерски програмер (53) со потекло од Харпул во Британија загина во метрото. Во Брисел живеел 15 години. Неговиот партнер и син не биле со него во кобниот воз.

Леополд Хехт, Белгија

zrtva7

Млад студент на право Леополд Хехт (20) од универзитетот Сан Луј во Брисел загинал во метрото додека одел на предавање.

Александар и Саша Пинчовски, Холандија

brisel-teroristicki-napad-nestali-brat-i-sestra-foto-printscreen-1458726571-870345

Братот и сестрата од Холандија загинале на аеродромот. Биле во Мастрихт да го посетат татко им, а се спремале за враќање дома.

Аделма Тапиа Руиз, Перу

zrtva8

Првата идентификувана жртва од аеродромот. Требало да се качи со семејството на авионот за Њујорк. Нејзиниот маж и две деца си играле пред аеродромот додека Перуанката купувала карти и преживеале.

Елита Веа, Холандија

zrtva9

Либеријката која е родена во Холандија исто така е убиена на аердромот откаде требало да отпатува во Бостон на погреб.

Џенифер Вакман, Шпанија

zrtva10

Фитнес тренер од Шпанија живеела во Ахен, Германија. Била со својот сопруг Ларс на аеродромот кога бомбата експлодирала. Сопругот преживеал , таа за жал не.

Барт Миг

zrtva11

Студент (21) кој требало да отпатува во САД да ја посети својата девојка Емили Ајнсман (На фотографијата)

Патрисија Рико, Италија

zrtva12

Патрисија Рико (48) од Италија работела во Брисел неколку месеци во Европскиот истражувачки центар. Настрадала во метрото „Малбек“.

Слично

Поврзани вести