(ФОТО) Од Сингапур до Њујорк може да се лета и вака!
Дерек Лоу е бизнисмен со длабок џеб и може да си дозволи многу работи. Неодамна се пофали со една која се смета за вистински луксуз. Имено, тој купил авиобилет од Сингапур до Њујорк за лет во најлуксузен аранжман. Цената - вистинска „ситница“: цели 19.000 долари!
Лоу ги искористил можностите што ги нуди „Сингапур Ерлајнс“ и купил карта во нивниот „апартман“ аранжман, што претставува вистински врв на нивната понуда.
"Апартманите се ексклузивни за нивниот главен Ербас А380 и не се работи само за рамни кревети, туку нудат целосно затворени приватни кабини со лизгачки врати, така што добивате ваш луксузен приватен оддел. Ентериерот го дизајнирал францускиот дизајнер на луксузни јахти Жан-Жак Кост и проследен е со богата мека кожа на фотелјата, која е рачно шиена од страна на италијански мајстори-кројачи“, раскажува Лоу.
Тој направил повеќе фотографии од патувањето и го документирал јадењето и пиењето со кои бил послужен, како и сите ќошиња во својот мини луксузен апартман. Деталите од патувањето погледнете ги ТУКА.
Од вкупно 12 вакви апартмани во авионот, освен Лоу на летот само уште тројца патници ја користеле таа услуга. Уште додека го чекал летот, но и за време на летот, Лоу бил опкружен со секакви видови храна и пијалоци. Го служела стјуардеса која ги служела и Леонардо Ди Каприо и Морган Фримен. Добил Живанши пижами и торбичка Салваторе Ферагамо полна со парфеми и друга козметика.
Се ова за 19.000 долари на висина од 10.000 метри!

Слично