Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) НОВО КИНЕСКО ЧУДО: Светот повторно запрепастен од Кинезите

(ФОТО) НОВО КИНЕСКО ЧУДО: Светот повторно запрепастен од Кинезите

Трикатен мост на автопатот на планината Тианлонг, висок 1 370 метри, стана главна атракција во Кина.

Мостот на северозападот од Кина стана главна точка на собир бидејќи многу жители брзаат и возат до планината за да го видат спектакуларниот проект и да ги споделат фотографиите на социјалните мрежи.


Кружниот мост има вкупна должина од 30 километри и се простира на спомнатата планина. Од воздух мостот изгледа како гигантски змеј кој лебди над планината.

Мостот го држат столбови од 7 000 тона челик, а наскоро би требало да биде завршен и пуштен во сообраќај.

Ова е само уште еден импозантен проект во низата кој е изграден во Кина во последните години .


Foto: Printscreen/ Twitter


Слично

Поврзани вести