(ФОТО) Ни утрото не донесе мир во Киев – најмалку 25 загинати!
Најмалку 25 лица загинаа, а над 350 се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Киев, кои траеја цела ноќ. Информацијата за жртвите ја потврди украинското Министерство за здравство.
Утрово ситуацијата воопшто не се смирува - демонстрантите се обидуваат да ги одржат барикадите на киевскиот Плоштад на независноста, додека специјалните полициски сили во неколку наврати се обидуваат да го расчистат упориштето на опозицијата.
Украинските безбедносни сили тврдат дека специјалната полиција не користи огнено оружје, туку дека жртвите се резултат на огнени престрелки меѓу самите демонстранти. Медицинските тимови на опозицијата ова го демантираат, тврдејќи дека дел од жртвите биле погодени од полициски снајперски оган.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович во обраќање до нацијата, одговорноста за жртвите ја префрли на лидерите на опозицијата на кои им порача дека ја поминале „црвената линија“. Тој ги обвини дека дел од нив ги повикале своите приврзаници да донесат оружје на плоштадот.
„Повторно ги повикувам лидерите на опозицијата... да повлечат граница меѓу нив и радикалните сили кои предизвикуваат крвопролевања и судири со безбедносните сили. Ако не сакаат да го напуштат плоштадот, тогаш треба да признаат дека ги поддржуваат овие радикали. Тогаш со нив поинаку ќе разговараме!“, се закани Јанукович.
Преговорите на украинскиот претседател и опозицијата синоќа пропаднаа, откако тој побара демонстрантите да го напуштат централниот киевски плоштад.
„Остануваме тука. Ова е остров на слободата и ќе го браниме!“, рече опозицискиот лидер Виталиј Кличко.
Тензиите во Киев вчера повторно ескалираа откако властите во Киев изразија подготвеност да го прифатат предлогот на Москва да откупи дел од украинскиот државен долг, што за про-европската опозиција е сигнал дека ќе се зголеми руското влијание врз Украина.

Слично