(ФОТО) Невини жртви на унгарската гранична жица
Срни и елени кои живеат во близина унгарската граница нелетаа на граничната бодликава жица, што Унгарија ја постави за да го спречи влезот на бегалци.
Невините животни се тешко повредени и умираат во агонија.
Сликите на животните на својот фејсбук профил ги постави Јанош Хорват кој напиша:
„Бесмислениот и глупав потег предизвика смрт на невини суштества. Ова се новите жртви на оградата која нема да го реши проблемот, зашто тој треба да се решава онаму каде што започнал.”
Инаку, граничната ограда на унгарската граница не е класично изработена. Таа е посебно опасна, затоа што наместо вообичаените бодликави шилци има жилети кои тешко го рануваат секој што ќе се приближи.
Слично

