(ФОТО) НЕМААТ ГРАДОВИ, НИТУ ПРЕСТОЛНИНА: Ова е најмалата островска земја во светот
Република Науру e најмала островска држава во светот, која не може да се пофали со голем број туристи.
Таа е најнепосетувана земја во светот. Науру има површина од 21,3 километри квадратни. Важи за многу убава островска држава, но туристи нема. Проблем е туристичката инфраструктура, која речиси и да не постои.
Земјата воопшто нема градови, ниту престолнина. Јарен е само еден од 14-те административни дистрикти.

Од 10.000 жители на оваа мала островска земја, околу 3.000 се странци кои тука работат.
Науру стекнал самоуправа во јануари 1966, а во 1968 година целосно станал независен од колонизаторските сили.

Островот е опколен од корален гребен, што придонесува да има мала плима. Поради присутноста на коралниот гребен не може да се направи големо трговско пристаниште, но има 16 други помали пристаништа.
На Науру има ограничени извори на свежа вода за пиење. Климата во Науру е топла.
фото Википедија
