Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Нема да поверувате кој доби ВАКОВ подарок!

(ФОТО) Нема да поверувате кој доби ВАКОВ подарок!
Рускиот религиски лидер, патријархот Кирил, ја посети фабриката за цивилни и воени авиони на далечниот исток на Русија, а за време на посетата на фабриката му беше презентиран и подарокот што одлучиле да му го дадат - воен авион Сухој СУ-35 едносед! Веста за подарокот дури била и објавена на интернет страницата на Руската православна црква, а Кирил на работниците во фабриката им подарил икони кои самиот ги благословил, објави Бизнис Инсајдер. Истовремено, пред нив одржал и говор во кој ја нагласил и важноста за одбрана на Русија. „Русија не може да биде вазал, бидејќи Русија не е само држава, туку цела цивилизација“, им порачал Кирил на работниците. Патријархот Кирил и рускиот претседател Владимир Путин имаат многу блиски односи, а критичарите на Руската православна црква тврдат дека таа се однесува како вистинско „министерство во руската Влада, третирајќи ги дури и надворешно-политичките односи“.
Слично

Поврзани вести