ФОТО: Напаѓачот сакал да го крене во воздух возот во Швајцарија
Швајцарската полиција испитува дали нападот кој денеска попладне се случи во кантонот Сент Гален во воз е терористички акт.
Вооружениот маж кој повреди повеќе од седум луѓе во воз во Швајцарија, имал намера да го крене возот во воздух, пишуваат светските медиуми. Тој со себе имал запалива течност, а на повредените им нанел сериозни изгореници. Напаѓачот прво ја запалил течноста, а потоа со нож ги бодел луѓето во возот. Мажот на возраст од 26 години го извел нападот додека возот бил во движење на границата со Лихтенштајн. Тој и повредените се префрлени во болница.
Мотивот не е познат, а истрагата е во тек.
Слично




