Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Напад во Тел Авив пред да стигне Трамп

(ФОТО) Напад во Тел Авив пред да стигне Трамп

На само неколку минути пред слетувањето на американскиот претседател, Доналд Трамп во Тел Авив, во центарот на градот возач со автомобил удри во минувачи. 

Најмалку пет лица се повредени и се префрлени во болница. 

Сѐ уште не се знае дали ова е тероризам или сообраќајна несреќа. Лицето што го возело автомобилот е приведено, соопшти полицијата.

Џерусалим пост објави дека полицијата засега го води настанот како сообраќајна несреќа.


Трамп е прв претседател кој ќе оди на Ѕидот на плачот во источниот дел на Ерусалим. 

Тој ќе се обиде да постигне палестинско-израелски мир. 

Трамп од Саудиска Арабија допатува во Изреал. 


Слично

Поврзани вести