ФОТО: НАПАД ВО ШВАЈЦАРИЈА: Маж во воз рани најмалку седум луѓе
Маж нападна патници во воз во Швајцарија, при што се повредени повеќе од седум луѓе.
Напаѓачот бил вооружен со нож и истурил запалива течност во вагонот. Жртвите се здобиле со исеченици и изгореници по телата. Напаѓачот е 27-годишен швајцарски државјанин, кој исто така настрадал.
Меѓу повредените има и едно шестгодишно дете. Повредените веднаш се однесени во болница.
Возот се движел на источниот дел од земјата, во близина на границата со Лихтенштајн.
За време на нападот во возот имало десетици патници, а штетата на возот е проценета на 92.000 евра. Мотивот за напад не е познат, а местото е обезбедено. Меѓу ранетите има луѓе на возраст од 17 до 50 години.
Ова е последен напад во Европа во последниве месеци.
Слично



