Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Напад во храм во Токио - има мртви

(ФОТО) Напад во храм во Токио - има мртви

Напад со меч е извршен во храм во Токио. 

Свештеничка од познатото токиско светилиште е убиена со самурајски меч, а напаѓачот потоа се самоубил. 

Полицијата соопшти дека 58-годишната Нагако Томиока, врховна свештеничка во храмот „Томиока хачиманга“, е нападната синоќа додека излегувала од автомобил, а и соучесничката во нападот, додека возачот на свештеничката е повреден. Мотивот за нападот не е познат, иако јапонските медиуми пренесуваат дека станува збор за спор меѓу свештеничката и нејзиниот брат.

Според извештајот, зад куќата на свештеничката се наоѓале Шигенага Томиока (56) и една негова соучесничка. Јапонските медиуми објавија дека братот е убиен, но полицијата тоа не го потврдила. Јапонските свештеници генерално живеат на имотот од нивните светилишта и храмови.

Соучесничката го нападнала возачот на свештеничката со катана и го бркала по улица. Повредите со кои се здобил не се опасни по живот.

Се верува дека братот, по убиството на свештеничката, ја убил и својата соучесничка пред да си го одзеде животот. Медиумите објавија дека крвавата катана и два ножа се пронајдени на местото на убиството.

Светилиштето „Томиока хачиманга“ е старо скоро 400 години и е познато по своите блиски врски со сумо традицијата, а во него се одржува и еден од трите големи шинтоистички фестивали во Токио.

Слично

Поврзани вести