(ФОТО) НАПАД НА РУСКА БАЗА ВО СИРИЈА: Неколку експлозии и над 20 жртви
Две силни експлозии одекнале во сириското пристаниште Тартус кое руската војска го користи како своја база. Според првите извештаи, двете експлозии се случиле на автопатот Сафит на влезот во Тартус, а нападнати се и Хомс и селата крај Дамаск.
Настрадале најмалку 21 лице, додека барем 50 се повредени, наведуваат сириските државни медиуми. Само во Тартус загинале 11, и тоа при експлозија на мостот Арзун.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/IraqiSecurity/status/772683817878446080?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Гувернерот на провинцијата Хомс рекол дека во експлозијата на автомобил-бомба во близина на воениот пункт загинале најмалку двајца војници , додека еден се наоѓа во критична состојба. Британсата опсерваторија за човекови права исто така извести за нападите во градот Камишли на североистокот од земјата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/sayed_ridha/status/772679670877782017?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Постојат сомнежи дека зад нападот стои Исламска држава, но никој засега не ја презеде одговорноста за експлозијата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/sayed_ridha/status/772680463903109120?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Тартус е второ по големина пристаниште во Сирија и Советскиот сојуз со години ја имал таа поморска база. Сега ја користат силите на морнарицата на Руската Федерација.
