(ФОТО) Најмалку 12 загинати по терористички напад во хотел во Сомалија
Најмалку 12 лица загинаа во сомалиската престолнина Могадишу во терористички напад на локалните исламисти, соопштува Ројтерс.
Терористите разнеле автомобил на влезот на хотелот "Сахафи" пред да упаднаат внатре.
Терористите влегле во престрелка со полицијата, спуштајќи се од покривот на зградата. Во овој хотел често престојуваат државни службеници.
Подоцна одговорноста за нападот ја презеде терористичката група "Аш-Шабаб", која е поврзана со меѓународната терористичката мрежа "Ал Каеда".
Слично



