Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Најголемиот среќлија: Преживеал удар на гром, а потоа добил џекпот

(ФОТО) Најголемиот среќлија: Преживеал удар на гром, а потоа добил џекпот

Канаѓанецот Питер Мекети е најголем среќник на светот - тој прво бил погоден од молња, а потоа заработил џекпот на лотарија.

-Искрено, очекував уште еднаш да ме погоди гром, отколку да добијам милион долари на лотарија - рекол Питер.

Piter-Meketi-2

Оваа добивка ќе ја подели со Дајан Милер, која е вработена во неговата продавница, бидејќи тие двајца имаат годна дена долга традиција на уплаќање лотариски ливчиња.

Инаку, Питер го удрил гром кога имал 14 години, а ова непријатно искуство го доживеала и неговата ќерка пред неколку години,

-Ваквата состојба е речиси невозможна, иако се мали шансите да вас и вашата ќерка ве погоди гром и да добиете премија на лотарија. Тие изнесуваат еден спрема 2600 милијарди - рекла професорката Софи Легер за Еј Би Си.

Piter-Meketi-1

Питер вели дека својот дел на добивка ќе го потроши на своите хобија, готвења и печење, додека парите Дајен од џекпот ќе ги потроши на одмор и патување.

Слично

Поврзани вести