Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Најдобриот пасош на светот!

(ФОТО) Најдобриот пасош на светот!
Норвешка по многу нешта е единствена земја, но на Норвежаните навистина може да им се завидува заради нивните нови пасоши, кои се вистинско ремек-дело на модерниот диајн и технологијата. Пасошите се во три бои - црвена, бела и сина, но вистинското изненадување следува кога ќе се отвори пасошот. Многу пасоши имаат како заштита отпечаток кој е видлив под УВ светлина. Меѓутоа, норвешките дизјанери отишле еден чекор понатаму. Целите страници на норвешкиот пасош кои на дневна светлина имаат илустрација на фјорд, под УВ светлина се претвораат во приказ на спектаклот на  поларната светлина. „Норвешкиот пејзаж со многу варијации од југот до северот на земјата е појдовна точка за нашиот концепт“ - вака дизајнерското студио Ноје ја објаснува својата идеја со која победи на конкурсот за нови пасоши. Жирито ја пофали едноставноста на предлогот и објасни дека дизајнот е активен и со стил, боите се суптилни, а апстрактниот приказ на пејзажот е возбудлив. Норвешката Влада најави дека новите пасоши ќе започнат да се издаваат за две години. Норвешките пари – најдобри на светот!
Слично

Поврзани вести