ФОТО:Музеите затворени, нивото на Сена во Париз почна да опаѓа
Музеите Лувр и Орсај се затворени, а нивото на реката Сена во Париз денеска почна да опаѓа.
Подигнати се барикади, бродовите за туристи не функционираат, а уметничките дела од музеите се тргнати.
Во текот на ноќта нивото на реката беше 6.10 метри, а утрово во 6 часот е 6.07 метри што укажува на благо опаѓање.
По осум часа покачување на водостојот, реката се врати на нивото од петок. Реката Сена немала ваков висок водостој во последните три децении.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови, и се сместени во други делови на Франција. Дождови ќе има и овој викенд.
Слично



