Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МОРБИДНО: Царството на мртвите под Париз

(ФОТО) МОРБИДНО: Царството на мртвите под Париз

„Застани! Ова овде е царството на мртвите!“, пишува на таблата која ги дочекува посетителите на катакомбата во Пазриз, огрмната костурница во која се чуваат посмртните останки на милиони луѓе.

Фантазии, стравови и легенди со векови кружат во ова морничаво место. Во текот на летото, туристи чекаат и по четири часа за да се симнат низ 130 степеници и да прошетаат долж 1,7 километри во подземната галерија на музејот, сместен на повеќе од 20 метри под земјата, на поголема длабочина од метро.

На влезот во катакомбата, на плоштадот Данфер-Рошро, на југот од Париз, стои предупредување на три јазици: „Посетата на костурницата може да остави силно влијание на чуствителни лица и деца“.

Патеката долга 800 метри претставува шетање помеѓу ѕидови направени од човечки коски и черепи, бидејќи гробиштата се „прелевале“ во 18 век.

Медицинските знаења се 'уште биле основни, но властите сфатиле дека распаѓањето на труповите не е добро за јавно здравје, па одлучиле да ги преселат во 800 хектари напуштен подземен каменолом.

Се верува дека во катакомбата се погребани шест милиони луѓе, но тој број никогаш не е официјално потврден, па тимови на истражувачи се обидуваат да дојдат до веродостојната проценка.

Во 1810 година е именувана посебна граска служба која ги погигнала ѕидовите направени од потколенични коски и черепи, зад кои се сместени сите останати коски.

Глаериите се „разубавени“ со разни слики и поучни цитати и пораки: „Размислете наутро дека можеби нема да ја дочекате вечерта, а вечерта дека нема да го дочекате утрото“.

Слично

Поврзани вести