Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Мистериозни кругови се појавија над небото во Доњецк

(ФОТО) Мистериозни кругови се појавија над небото во Доњецк

На социјалните мрежи денеска претпладне се појавија фотографии кои прикажуваат необични кругови на небото над Доњецк, Луганск но и неколку други градови во Русија.

Чудни кругови на небото, кои не беа облаци го скренаа вниманието на жителите на Доњецк, а најбрзите ги фатиле своите камери и фотоапарати и ја овековечиле оваа необична појава.

Круговите на речиси ведрото небо изгледаат како некој да ги цртал, а и според зборовите на мештаните долго време се задржале на небото.

Мештаните тврдат дека ваквите кругови не можеле да ги остават зад себе авиони, туку дека е во прашање веројатно некое необично летало, бидејќи траговите изнадно се појавиле на небото. Некои тврдат дека тоа не е обичен аматерски феномен, бидејќи траговите на небото останале долго.

На социјалните мрежи веќе траат нагодувањата дали тоа се некои специфични облаци, дали над Украина и Русија можеби се појавиле НЛО или во прашања се беспилотни летала.

 
Слично

Поврзани вести