Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Милијардерите во Давос се надеваат идната година да се уште побогати

(ФОТО) Милијардерите во Давос се надеваат идната година да се уште побогати
Милијардерите кои присуствуваат на Светскиот економски форум што започна денеска во швајцарското алпско село Давос очекуваат да бидат уште побогати кога ќе се вратат следната година. Неколкумина од најбогатите учесници на форумот годинава прогнозирале дека во 2014-та вредноста на акциите ќе расте, каматните стапки ќе останат ниски и препорачуваат да се избегнува инвестирање во виртуелната валута биткоин. „Работите се подобруваат во сите сектори: во банкарството, производството на автомобили, речиси во сите сектори... И мислам дека лошото минато го оставивме зад нас“, изјавил Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка. Данготе е еден од најмалку 80 светски милијардери меѓу 2.500-те бизнис и политички лидери во Давос неделава. Растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните е една од централните теми на овогодинешното издание на Светскиот економски форум. Разликите во богатството, поттикнати од глобализацијата и неодамнешната финансиска криза, се закануваат да предизвикаат сиромаштија и социјални немири, покажа извештај објавен во пресрет на состанокот.  
Слично

Поврзани вести