Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Меркел со нови ауспуси, се исмева „Шарли Ебдо“ со канцеларката

ФОТО: Меркел со нови ауспуси, се исмева „Шарли Ебдо“ со канцеларката

Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ се појави денеска и на германскиот пазар, а внатре има кариткатура на која канцеларката Ангела Меркел е прикажана на ВЦ-шоља.


На друга карикатура пишува дека со нов ауспух ќе може да издржи уште еден мандат. 

Магазинот познат по зајадливи карикатури и коментари во изданието на германски јазик ја прикажува Меркел како седи на порцелански „трон“ и го чита тој неделник со наслов – „Шарли Ебдо“ ослободува.

Карикатуристот Лоран Сурисо, познат под уметничкото име Рис, кој беше тешко повреден во нападот во јануари 2015 година, верува дека Германија е добар пазар за фанцускиот сатиричен весник.

„Хуморот е секаде, дури и во Германија“ - вели тој. 

„Шарли Ебдо“ сега се изработува на тајна локација што е последица од нападот врз нивната редакција во кој беа убиени 12 вработени. 

Германската верзија ја уредува од Франција 33-годишник од Берлин. Печатена е на 16 страници во 200.000 примероци, и се состои претежно од написи и карикатури преведени од француски. Уредниците планираат во иднина и германска содржина.


Слично

Поврзани вести