(ФОТО) Меркел, Оланд и Рахој пристигнаа на местото на несреќата на авионот
Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Мариано Рахој пристигнаа на местото на несреќата на авионот на француските Алпи. Вчера таму се урна „Ербас 320“ на „ЏерманВингс“, сестринска фирма на „Луфтханза“ со 150 патници во авионот. Се смета дека сите загинале.
Меркел и Оланд пристигнале заедно во еден хеликоптер во селцето „Сеиен лез Алпс“ каде е базата на истражувачите и спасителите. Тројцата политичари ќе се состанат со истражните органи и ќе ги искажат почит кон жртвите.
Во далечниот алпски регион, каде Ербасот се урна во планински падини ќе има своевидно меѓународен споменик за 150-те жртви. 72 од нив се Германци, 49 Шпанци. Тоа е најголемата авиокатастрофа во Франција во минатите 15 години. Во 2000 година Конкорд се урна крај Париз.






