Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО:Маж пукал кај Белата куќа

ФОТО:Маж пукал кај Белата куќа

Зградата на Белата куќа синоќа беше блокирана од полициските сили во Вашингтон, бидејќи во близина на седиштето на претседателската власт во САД имаше истрели.

Очевидци велат  дека застреланиот маж бил на околу 20-годишна возраст.

Тајните служби од обезбедуваниот комплекс пукаа на вооружен маж кој извадил оружје во близина на зградата. Тој добил прострелна рана во стомакот, а според податоците, распространети во локалните медиуми, мажот е пренесен во болница во критична состојба. Иако првично беше распространета информација, според која мажот стрелал врз Белата куќа, во моментот се уште не е разјаснето што точно се случило.

Ci9PzsrWEAAACad

Полицијата ја опколи областа, а местото на инцидентот се набљудува од воздух со хеликоптер. Се бара возилото на мажот, застрелан од вработен на тајните служби.

Градоначалникот на градот,  Мјуриел Боузер напиша на социјалната мрежа “Твитер”: „Ние сме свесни дека Белата куќа е излорирана. Бев информиран од мојот тим за јавна безбедност и тие се координираат со федералните партнери “.

Ci9Z51cUgAAETHz

За време на инцидентот претседателот на САД,  Барак Обама не бил во зградата. Од Белата куќа велат дека тој играл голф во воздухопловната база „Ендрјус”. Во неа, сепак, се наоѓал потпретседателот Џо Бајден, кој бил однесен на безбедно место. Од Белата куќа потврдија дека нема повредени во настанатата ситуација.

Слично

Поврзани вести