(ФОТО) Мартин Шулц пак ќе го води Европскиот парламент
Европскиот парламент, на својата прва седница по изборите што се одржаа во мај, го реизбра германскиот пратеник Мартин Шулц за свој претседател.
Шулц, кој и досега ја извршуваше оваа функција, на тајно гласање доби поддршка од 409 од вкупно 721 присутен пратеник во Европарламентот, но само 612 гласови биле валидни. За изборот имаше и тројца против-кандидати, но никој не успеа да му се приближи со бројот на освоени гласови.
Тој и припаѓа на групата на социјалдемократи, со оглед на тоа што е член на германската Социјал-демократска партија, но пред почетокот на седницата припадниците на десницата во Европскиот парламент - Европската народна партија најавија дека ќе го поддржат неговиот избор.
Пленарната седница во Стразбур ќе трае три дена, во текот на кои ќе се конституираат органите на Парламентот и ќе биде претставена програмата за шестмесечното претседавање со Европската унија што денеска го презема Италија.
Во текот на свеченоста за почетокот на новиот петгодишен мандат на Европарламентот денеска дојде и до инцидент кога пратениците од редовите на британската евроскептична и анти-имиграциска Партија на независноста свртеа грб додека се изведуваше химната на Европската унија, „Ода на радоста“, завршниот дел од Деветтата симфонија на Бетовен.

Слично