(ФОТО) Мапа открива како тече битката за Бахмут
На Телеграм каналот, српскиот снајперист Дејан Бериќ открива дека руските сили на југот и на северот од Бахмут напредуваат.
Бериќ вели дека Русите го ослободиле населеното место Красна Гора, кое е северно од Бахмут, односно југозападно од Соледар. Тој информира дека групата Вагнер ја пробила одбраната на Украинците кај селото Клешчејевка. Русите го стегаат обрачот околу Бахмут, а во Соледар е многу драматично.
Русија го контролира најголемиот дел од рударскиот град Соледар во источна Украина по неколкумесечни борби со украинските сили, објави британското Министерство за одбрана. Руските трупи и платеничката група Вагнер напредуваа во изминатите четири дена.

Слично
