Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Малолетниците ја напуштаат „Џунглата“, каде ќе одат?

ФОТО: Малолетниците ја напуштаат „Џунглата“, каде ќе одат?

Последната група од малолетници бегалци го напуштила со автобуси поранешниот камп за мигранти „Џунглата", лоциран во северниот дел на францускиот пристаништен град Кале, пренесе AFP. 

Последните 38 автобуси тргнаа  во доцните попладневни часови од паркот, каде вкупно 1, 616 млади живееја во последната недела, соопштија од полицијата.

Тие ќе бидат згрижени во центри ширум Франција. Локалните власти соопштија дека нив нема да ги префрлат во Британија. 

Кампот е демонтиран во понеделникот при што 6.000 мигранти се пренесени во други центри. 

Преговорите за нив меѓу француската и британската влада се затегнати, а Лондон бара Париз нив да ги заштити. 



Слично

Поврзани вести