Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Малезискиот патнички авион соборен, никој не презема одговорност!

(ФОТО) Малезискиот патнички авион соборен, никој не презема одговорност!
Авионот Боинг 777 на Малезија Ерлајнс, кој патуваше од Амстердам за Куала Лумпур, е соборен на границата меѓу Украина и Русија, во украински воздушен простор. Украинската влада демантира секаква поврзаност со соборувањето на авионот во кој патуваа 295 патници, меѓу кои нема преживеани. Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук нареди итна истрага за падот на авионот. Собореното летало се урнало недалеку од Доњецк, градот кој е под контрола на руските бунтовници, што ги наведе украинските власти веднаш да го вперат прстот кон нив. Украинското Министерство за внатрешни работи тврди дека проектилот со кој авионот бил соборен додека летал на висина од 10.000 метри бил упатен токму од страна на сепаратистите. Но лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк Александер Бородаи обвини дека украинските власти го собориле авионот. За случајот, рускиот претседател Владимир Путин телефондки разговара со неговиот американски колега Барак Обама. На Твитер започнаа да се објавуваат фотографии од првите спасувачи кои стигнале до остатоците на соборениот авион:
Слично

Поврзани вести