Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Мала еко-куќа како од бајките, Британец ја направил за само 3.300 евра

(ФОТО) Мала еко-куќа како од бајките, Британец ја направил за само 3.300 евра

Британец изградил необичен дом. Сајмон Дејл од Велс, отвори блог на којшто објавува слики од својот дом. Тој поседува мала еко-куќа, како од бајките.

Само четири месеци му биле потребни да ја изгради оваа куќичка од дрво, камен и слама, а има и земјен покрив. Се загрева со камин, а на кровот се поставени сончеви панели. Куќата чинела  околу 3.300 евра. Тој вели дека сега има евтина, природна куќа. 

„Нашите резерви се намалуваат, а планетата е во еколошка катастрофа. Забавно беше. Се исплати да го живееш животот на свој начин. Ако ги следиме нашите сопствени соништа, ја одржуваме нашата душа жива“, изјави Велшанецот.

Британецот изградил сопствен дом за забава, но и за подигање на еколошката свест и одржување на животната средина. Тој користел едноставни алатки како што се лопати, длета и чекани, а повеќето од материјалите се фрлени предмети и искористени уреди. Од современата технологија, Сајмон употребил само моторна пила со која исекол 30-тина мали дрвца. 


Слично

Поврзани вести