Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) МАКРОН ГО ЗАЦВРСТИ ТРЕНДОТ: Ова се деветте најмлади лидери во светот

(ФОТО) МАКРОН ГО ЗАЦВРСТИ ТРЕНДОТ: Ова се деветте најмлади лидери во светот

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон (39 г.) го зацврсти трендот од последните години да бидат избирани сè повеќе млади лидери. Во следните неколку реда ќе ви ги презентираме оние кои постигнале највисоки нивоа во политиката.

Грузија: Претседателот Гиорги Маргвелашвили положи заклетва на функцијата во 2013 година на 44-годишна возраст.

Канада: Премиерот Џастин Трудо имаше 43 години, кога ја презеде функцијата во 2015 година

Полска: Претседателот Анджеј Дуда победи на изборите во 2015 година на 43-годишна возраст.

Грција: Алексис Ципрас беше избран за премиер во 2015 година на 40-годишна возраст, и е најмладиот грчки лидер во последните 150 години.

Тунис: Премиерот Јусеф Шахед имаше 40 години, кога пристапи на функцијата во 2016 година, најмладиот премиер од 1956 година досега.

Белгија: Шарл Мишел стана премиер во 2014 година на 38-годишна возраст, за да стане најмладиот лидер на земјата од 1840 година.

Украина: Володимир Гроисман беше назначен за премиер во 2016 година на 38-годишна возраст.

Унгарија: Виктор Орбан стана премиер во 1998 година на 35-годишна возраст. Тој ја напушти функцијата во 2002 година, но ја презеде повторно во 2010 година

Тука треба да се обрне внимание и на овие млади лидери, кои неодамна ги напуштиле своите позиции. Таави Роивас имал само 34 години, кога стана премиер на Естонија во 2014 година .Тој ја напушти функцијата во 2016 година. Во Косово Атифете Јахјага стана претседател во 2011 година, кога таа беше 36 години, но ја напушти функцијата во 2016 г .

До неодамна на власт беше и Матео Ренци, кој беше премиер на Италија од почетокот на 2014 година, кога беше 39 години. Поранешниот премиер на Велика Британија Дејвид Камерон беше 43 години, кога стана премиер во 2010 година . Тој ја напушти функцијата минатата година по Брегзит.

Слично

Поврзани вести