(ФОТО) МАКРОН: ГЛЕДАМ ЗНАЦИ НА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА - лидерите на ЕУ го посетија Ирпин во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон го пофали херојството на војската и народот на Украина и рече дека има „траги на варварство“ од руските сили по посетата на украинскиот град Ирпин, кој беше најблиску до Киев во раните фази на војната. Тој и другите европски лидери го посетија градот пред да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тоа е херојски град, обележан со стигмата на варварството“, објави Ројтерс, им рекол Макрон на новинарите.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и Макрон пристигнаа во Киев по ноќното патување со воз од Полска.

Тројцата лидери беа пречекани со сирени за воздушен напад во главниот град на Украина, додека Русија продолжи да напаѓа цели низ целата земја. Со нив Ирпин го посети и романскиот претседател Клаус Јоханис, кој се очекува подоцна да им се придружи на разговори со украинскиот лидер.
Извор: Гардијан
Фото: EPA
