(ФОТО) Жена и дете загинаа откако автобус влета во супермаркет
Една жена и осумгодишно момче загинаа, а пет лица се повредени во несреќа, откако двокатен автобус влетал во супермаркет во градот Ковентрија во Велика Британија.
Во критична состојба е и 9 годишно девојче со тешки повреди на главата, нозете и градите.
Автобусот прво урдил во неколку автомобили и бандери, а потоа влетал во супермаркетот каде имало многу гужва бидејќи било пазарен ден.
Очевидците и оние што учествувале во спасувањето, несреќата ја опишале како „апсолутен хаос".
Слично


