(ФОТО) ЛУКСУЗ БОЛИ ГЛАВА: Направете тура низ домот на Доналд Трамп во Трамп Тауер
Доналд Трамп беше избран за 45-тиот претседател на САД, затоа овие денови неговото име е во сите медиуми.

Ние нема да ги коментираме неговите политички намери, а ќе ве прошетаме во неговиот дом.
Магнатот живее со својата сопруга Меланија и нивниот син Барон во пентхаус, кој се наоѓа на 66-тиот кат на Трамп Тауер, Менхетен, Њујорк.

Тој е декориран во стилот на Луј 14 - мермер, златни облоги и предмети, богато украсен мебел, кристални лустери, рачно насликани тавани и ѕидови.

Внатрешноста е инспирирана од Версајскиот дворец и е дело на дизајнерот Анџело Донг - исто така наречен „Сен Лоран на мебелите“.

Пентхасот е на 3 ката и се протега на површина од 9000 квадратни метри, а се проценува на 100 милиони долари.


Слично
