Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Квебек под вода, најпогоден е градот Ригад

(ФОТО) Квебек под вода, најпогоден е градот Ригад

Властите во градoт Монтреал, Канада прогласија вонредна состојба поради поплавите кои настанаа од дождовите и топењето на снегот.

Мерката ќе биде на сила 48 часа. Околу 1.200 војници учествуваат во евакуацијата на луѓето.

Во провинцијата Квебек повеќе од 1.900 домови беа поплавени во повеќе од 126 населени места. Најпогодено е гратчето Ригад кое се наоѓа западно од Монтреал.

„Нашите трупи работат брзо и професионално и веќе даваат поддршка на сите Канаѓани кои се погодени од поплавите“ - вели министерот за одбрана Харјит Сахан.

Критично ќе биде и во следните два до три дена и се очекува нивото на водата да расте. 


Слично

Поврзани вести